Каталонскиот гигант Барселона е блиску до реализација на еден од најголемите трансфери ова лето, преговарајќи со Манчестер сити за ангажман на шпанскиот репрезентативец Родри.
Според информациите на влијателниот медиум „РАЦ1“, преговорите се во завршна фаза, а промоцијата на новиот играч од средниот ред наводно е веќе закажана за 12. август.
Иако првичната понуда на Барселона експресно беше одбиена од страна на раководството на „граѓаните“, каталонскиот клуб веднаш испрати подобрена, втора понуда. Манчестер сити цврсто стои на барањето од 80 милиони евра за услугите на Шпанецот, сума која Барселона овојпат е целосно подготвена да ја исплати за да го осигура потписот на одличниот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
