Славен Билиќ се враќа на клупата на хрватската репрезентација. По речиси девет години на позицијата селектор, Златко Далиќ се пензионираше и направи повторно место за Билиќ, кој ќе го започне својот втор мандат.
Од заминувањето на Далиќ, па дури и пред тоа, Билиќ се наметна како главен кандидат за селекторската функција, и покрај тоа што е надвор од теренот две години, откако беше отпуштен од саудискиот Ал Фатех.
Билиќ треба да има помала плата од Златко Далиќ, пишува „Спортске новости“. Далиќ имал годишна бруто плата од повеќе од два милиони евра, а Билиќ, според најавите, треба да има половина од таа плата.
Новиот хрватски селектор веќе го избра и својот стручен штаб. Асистенти ќе му бидат Данило Буторовиќ и Деан Рачуница и тренер на голманите Ватрослав Михачиќ. Ним ќе им се придружи и Ведран Ќорлука, кој останува во стручниот штаб откако беше дел од тимот и на Златко Далиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
