Армони Брукс повторно е актуелен на кошаркарскиот пазар откако американскиот поентер потпиша договор со Асвел, но сега повторно ќе ги менува клупските бои поради финансиските проблеми на францускиот суперлигаш.
Имено, откажувањето на главниот спознор придонесе Асвел да мора експресно да се раздели од најскапите кошаркари, прв нога повлече Франциско со потписот за Панатинаикос, а следен на листата е токму Брукс.
Доскорешниот играч на Олимпија Милано пред потписот со Асвел беше на чекор до Партизан, ја имаше и прифатено понудата на „црно-белите“, но во последен момент се премисли и реши да се пресели во Франција. Партизан се уште е во потрага по засилување на позицијата „два“, но српскиот гигант јасно ставил до знаење дека не е заинтересиран за Брукс, кој ги разочарал челниците на „црно-белите“ со своето однесување на почетокот на летово.
Не се исклучува опцијата тој да се пресели во Белград, но не во Партизан, туку во редовите на Црвена Звезда. Овој српски евролигаш се уште е во потрага по нов поентер, веќе испрати понуда до Брукс, но останува да се види дали таа ќе биде доволна ако се знае дека сериозен интерес за овој кошаркар покажува и Реал Мадрид, кој важи за фаворит во трката по Американецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
