Многу фудбалери пред да станат професиналци, имале тежок живот и детство. Нов таков пример стигнува од Реал Мадрид, кој во саботата ја освои 14-тата титула во Лигата на шампионите со победата над Ливерпул 1-0.
Заедно со останатите играчи трофејот го подигна и 19-годишниот Едуардо Камавинга. Овој фудбалер е роден 2002 година во Ангола, и како двегодишен се преселил во Франција.
После тоа кога имал 11 години преживеал вистинска драма. Останал без дом и со семејството минал низ период на сиромаштија. Сепак, ништо не му застана на патот да ги оствари своите соништа, па стана најмладиот фудбалер на Рен и на репрезентацијата на Франција. Минатата година на 18 години потпиша со Реал Мадрид.
Со Рен го освои Купот на Франција, а со репрезентацијата во 2021 година го подигнра трофејот во Лигата на нации.
Оваа сезона Камавинга одигра вкупно 46 натпревари за „кралевите“ во сите натпреварувања, и постигна два гола, а додаде исто толку асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА