Пред точно 23 години беше постигнат најубавиот гол во историјата на ЛШ, стрелецот подоцна заврши во затвор!

На денешен ден, 2 ноември 1999 година, беше постигнат веројатно најубавиот гол во историјата на Лигата на шампионите. Секако, мислењата се поделени и тешко е да се одреди кој е најубав, овoj или оној на Зидан од финалето на ЛШ против Баер Леверкузен, но приказната за стрелецот за Фиоретина е многу полуда.

Токму Мауро Брешан, поранешниот играч за врска на Фиорентина, на денешен ден постигна спектакуларен гол со ножички од 25 метри.

Во ремито 3-3 со Барселона, Брешан изведе неверојатен потег за кој се раскажува и денеска. За се да биде уште поинтересно, тој во таа сезона 1999/2000 постигна само два гола во дресот на Фиорентина, едниот против Барселона, а другиот против Интер.

Брешан не беше особено познат, пред Фиорентина беше член на Милан за кој не ни дебитираше, потоа играше за Перуџа, Комо, Фоџа, Каљари, Бари од кои се пресели во Фиренца. По Виола играше за Венеција, Џенова, повторно Комо, Лугано, а се пензионираше во 2008 година во нисколигашот Кијас.

Она по што Брешан подоцна беше многу попознат и во очите на јавноста беа обвинувањата за наместени натпревари! Во 2011 година тој беше уапсен заедно со уште 15 лица под сомнение дека мести натпревари низ Италија. Во таа група на луѓе се најде и славниот Џузепе Сињори, а и Брешан доби забрана за фудбал во траење од три и пол години.

Малкумина знаат каде е тој денес и што прави стрелецот на еден од двата најубави гола во историјата на Лигата на шампионите.

 

 

 

Се вчитува...