Се е подготвено за извлекувањето на групите за СП 2018 во Русија, што утре ќе се одржи во Москва. Вообичаено, селекторите на сите репрезентации – учеснички ќе се најдат на ждребот, а секој од нив има свои желби околу потецијалните ривали. Златко Далиќ, кој донесе ренесанса во хрватскиот национален тим и ги одведе „коцкестите“ на мундијалот во Русија, има само една желба – во групата да не се сретне со Србија.
„Немам посебни желби, освен една – не сакам да се сретнеме со Србија во групната фаза. Не би сакал да играме со нив бидејќи имаат квалитетни играчи од врвни европски клубови, а ќе имаат и огромен мотив против нас. Ако можам да бирам, би го избрал само тоа, Србите да завршат во друга група“ – изјави Далиќ.
Кормиларот на српската репрезентација, Младен Крстајиќ, изрази желба „орлите“ да се најдат во иста група со домаќинот Русија.
„Веќе пристигнаа голем број од делегациите и се чувствува фантастична фудбалска атмофера, иако нема да се игра натпревар туку ќе биде само ждрепка. Сакам да се сретнеме со Русија, ние сме братски земји и сигурно би имале добра атмосфера. Се останато е неважно, знаеме дека нема слаби репрезентации, туку ќе решаваат детали. Нијанси се колку некои селекции повеќе или помалку ни одговараат по стилот на игра, на крајот ќе излезе она што ни судбина, ждребот е ист за сите селекции“ – истакна Крстајиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА