Премиерот Зоран Заев го отвори „Пандев Куп 2018“ (ФОТО)

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, свечено го отвори Меѓународниот младински турнир „Пандев Куп 2018“, кој од 30.јули до 4.август ќе се одржи во Скопје и во Струмица. На плоштадот „Делфина“ во Влае, во присуство и на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, како и претставници на ФФМ, турнирот беше отворен со вечерашното дефиле на екипите учесници.

На натпреварите кои почнуваат утре, ќе продефилираат навистина квалитетни младински екипи, и тоа од седум држави, а секако и дел од најдобрите клубови од Македонија. Мечевите ќе се играат на терените на ФФМ и во Ѓорче Петров, како и во Струмица, а паралелно ќе се натпреваруваат екипи со генерации на фудбалери родени 2002, 2003, 2004 и 2005 година.

 

Се вчитува...