Гостин во најновата епизода на „ПРЕСИНГ“ едно од најголемите кошаркарски имиња во историјата на Македонија, Марјан Србиновски.
Предводникот на новиот амбициозен проект КК Соколи 1933 од Штип, поранешен македонски селектор и член на стручниот штаб од ЕП 2011 во Литванија, меѓу бројните теми се осврна и на постојано актуелната тема: деца спортисти и амбициозни родители.
„Во спортот има многу примери со талентирани деца кои веќе на 11 години престануваат да играат, откако многу брзо ќе се презаситат. Затоа што тоа дете е само дете. Веќе на 14-15 години тогаш може малку така посериозно да почне да се работи. А, не веднаш од најрана возраст со вакви тренинзи – такви тренинзи. Не, детето се презаситува, детето треба да биде дете, во права смисла на зборот. Да си игра на улица со деца, да си излезе на кино, со деца во маало на клупа да си седне…. Вие ако го оптеретите уште од најрана возраст, за две-три години децата се заситуваат и велат не играм. Детето не е робот. Така да, таа проблематика треба да остават на тренери и на стручни лица. А, родителите да бидат на страна. Мој совет, оставете ги сами. Ако детето е квалитетно, се ќе си дојде како што треба да биде“ – вели Марјан Србиновски.
ГЛЕДАЈТЕ ГО ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ ТУКА…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
