Преспа со еден гол до победа над Големо Коњари

Преспа со 0-1 го совлада тимот на Големо Коњари на негов терен во последниот меч од 27. коло во Втората лига. Мечот беше решен во вториот дел, кога ресенчани го постигнаа голот вреден три бода.

И двете екипи во следната сезона ќе бидат третолигаши, така што овој меч немаше никакво резултатско значење.

Единствениот гол се случи во 56. минута кога Карамачоски успеа да го совлада домашниот голман, и така да донесе три бода.

Се вчитува...