Пресврт: Алварез би отишол во Арсенал, но бара специјална клаузула

Сагата околу Хулијан Алварез би можела да заврши со трансфер во Арсенал, но само доколку управата на лондонскиот клуб се согласи во договорот да вклучи специјална клаузула. Погодувате, станува збор за клаузула која ќе се однесува исклучиво за трансфер во Барселона, со што Аргентинецот би можел во иднина да си ја исполни големата желлба и да го облече дресот на каталонскиот гигант.

Добро познато е каква војна водат Барселона и Атлетико летово за аргентинскиот голгетер, па маддридскиот клуб јасно стави до знаење дека нема намера да дозволи Алварез да се пресели на „Камп Ноу“. Аргентинецот воопшто не тренира последните денови, но Атлетико не го менува ставот – јасно ставајќи до знаење дека Премиер-лигата е единствена можна дестинација доколку тој е решен да си замине.

Арсенал и Атлетико веќе ги имаат договорено условите од мегатрансферот, но проблем досега претставуваше одбивањето на Алварез воопшто да преговара со „топчиите“.

Последните информации говорат дека сега и тоа е променет, агентите на Алварез веќе имале и прв контакт со раководството на англискиот првак, барајќи ја специјалната клаузула што би овозможила трансфер во Барса во иднина. Ситуацијата е несекојдневна, но Арсенал би можел да ги диктира условите, да го задржи голгетерот најмалку една година на „Емирати“, а клаузулата да биде повисока од она што ќе го плати летово на Атлетико.

Останува да ја почекаме конечната разврска, но за првпат по подолго време се појавува светло на крајот од тунелот во оваа трансфер-сага.

Се вчитува...