Пресврт: Давид Силва потпиша за Реал Сосиедад

Шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад направи „бомбастичен“ трансфер. Раководството на клубот го договори потписот на шпанскиот интернационалец Давид Силва кој во изминатите десет сезони го носеше дресот на Манчестер Сити, информира „Марка“. Тој во наредните две сезони ќе настапува за Реал Сосиедад.

Давид Силва беше во сериозни преговори со италијанскиот калчолигаш Лацио, имаше понуди да ја продолжи кариерата и во МЛС – лигата на САД, но очигледно дека пресуди неговата желба да се врати во Шпанија по долг период.

Давид Силва ќе го носи дресот со број „21“, кој беше негов заштитен знак и во Манчестер Сити, со оглед дека се ослободи со најавеното враќање на Мартин Одегард во Реал Мадрид.

Се вчитува...