Пресврт на повидок: Борусија Д. ќе го прави Белингем најплатен во историјата на клубот

Големите клубови „полудеа“ по играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем. Играчот кој има договор со „милионерите“ до 2024 година, може да го напушти клубот идното лето, ако некој плати 130 милиони евра отштета, колку што бара тимот на Борусија.

И додека Белингем веќе се подготвува да стапне на големата сцена, „Билд“ пишува дека е можно да се случи пресврт во случајот со англискиот репрезентативец. Наводно од таборот на „милионерите“ во скоро време планираат да седнат со Белингем на преговори за нов договор, според кој тој ќе биде најплатениот играч во историјата на клубот, со годишна заработка од 15 милиони евра, плус бонуси.

Тоа е малку во споредба на она што го даваат другите клубови, но според „Билд“ најсилен адут на Борусија е историјата. Многумина играчи кои си отидоа од овој клуб, особено во други првенства, подоцна не направија ништо, со мали исклучоци. Пред се тука се мисли на Пјер-Емерик Обамејанг, Кристијан Пулишиќ, Шинџи Кагава, и најновиот пример со Џејдон Санчо. Ниту еден од нив не успеа да се снајде после Борусија. Но, затоа, пак, во Сити и тоа како напредуваат играчи на Борусија што е пример со Илкај Гиндоган и Ерлинг Халанд.

Исто така Борусија Дортмунд сака да го убеди Белингем да остане, со тоа што би го ангажирале и неговиот брат Џоб, кој во моментов е дел од Бирмингем.

Се вчитува...