Претседателот на МОК, Даниел Димевски во прва формална посета на ФФМ

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски беше во прва формална посета на Фудбалската федерација на Македонија, каде се сретна со претседателот Муамед Сејдини.

„Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски во прва формална посета на „Куќа на фудбалот“, откако стана прв човек на Македонскиот Олимписки Комитет. Конструктивен разговор со претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и продлабочување на веќе воспоставените добри односи меѓу двете спортски инстутуции“, соопштија од ФФМ.

Се вчитува...