Претседателот на МССФ Лучијано Роси во посета на МОК

Претседателот на Меѓународната спортско стрелачка федерација, Лучијано Роси беше во посета на Македонскит олимписки комитет.

Заедно со него беше и претседателот на Македонската спортско стрелачка федерација, г-динот Јордан Тасевски кој се заблагодари за сета помош и поддршка која ја добива федерацијата и честа за првпат еден претседател на меѓународната организација да биде во посета на Македонија.

„Се заблагодарувам на Македонскиот Олимписки комитет за одличната соработка со ИССФ и МССФ која е на многу високо ниво“, истакна Роси.

Димевски и Роси разговараа и за многу проекти поврзани со идните млади стрелци кои еден ден секако ќе ја претставуваат Македонија на следните Олимписки игри.

Се вчитува...