ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Брегалница подобра од „пандевци“, победи за Струга ТЛ и Македонија ЃП

Фудбалерите на Брегалница славеа против прволигашот Академија Пандев со 2-0, на пријателскиот натпревар кој се одигра на Градскиот стадион во Штип.

„Сините“ беа подобар противник на теренот во второто полувреме, сосема заслужено стигнувајќи до победата со головите на еден од најголемите таленти на штипската школа, 16-годишниот Љупче Кудев кој стрелаше во 63. и во 70. минута.

Струга Трим Лум, пак, продолжува со одличните игра во подготвителниот период. Стружани славеа со 2-0 против Дрита од Боговиње со головите на Мазари и Османи во второто полувреме. Ова е втора победа за Струга ТЛ во четвртиот пријателски натпревар. Составот на Срѓан Захариевски има и две ремија.

Македонија ЃП триумфираше против Охрид со 2-1 на тест дуелот кој се одигра во Маврово. Охриѓани поведоа со голот на Ромео Кочоски. „Лавовите“ до крајот на првиот дел ги постигнаа двата погодоци, и двата од белата точка. Во првиот обид прецизен беше Емини, а во вториот Мишевски.

Се вчитува...