ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: „Лавовите“ со триумф на генералката, Беласица го „здроби“ Кожуф

Фудбалерите на Македонија ЃП со триумф против второлигашот Слога Виници ги заокружија пријателските натпревари пред стартот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

„Лавовите“ на својот стадион во Ѓорче Петров славеа против виничани минимално со 1-0. Стрелец на победничкиот гол за Македонија ЃП беше Сефер Емини од пенал во 70. минута од средбата.

Беласица, пак, повеќе од убедливо со 6-0 триумфираше против гевгелискиот второлигаш Кожуф. Стрелци на головите за струмичани беа во првото полувреме, Милушев во 5. минута од пенал, и Каланоски во 40. минута. Во вториот дел стрелаа уште и Мирчески во 48. минута, па Каланоски со вториот свој гол во 74. минута, Размоски во 81. минута, како и Митев во 90. минута за конечни 6-0.

Се вчитува...