ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Охрид ја победи Струга ТЛ, убедлив триумф на Ак. Пандев

Второлигашот Охрид приреди изненадување победувајќи го прволигашот Струга ТЛ со 2-0 во „генералката“ за стружани пред стартот на пролтентиот дел од шампионатот.

На натпреварот кој се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид, домашните до триумфот дојдоа со головите на Митев во 18. минута и Мерко во 82. минута.

Успешна „генералка“ за Академија Пандев

Академија Пандев, пак, имаше успешна „генералка“ триумфирајќи убедливо со 5-1 против бугарскиот Беласица Петрич.

Беласица го победи Септемвти Симитли, Кораби подобар од Братство 07

Струмичка Беласица славеше на пријателскиот натпревар против бугарскиот второлигаш Септември Симитли победувајќи со 1-0. Стрелец на победничкиот гол за струмичани беше младиот Јахи Буши во последните минути од натпреварот.

Кораби, пак, со 4-1 победи против Братство 07.

Се вчитува...