ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: „Пандевци“ ремизираа со Борец во Пехчево, Силекс убедлив со Слога Виница

Академија Пандев ремизираше (1-1) на пријателскиот натпревар со Борец кој се одигра на Градскиот стадион во Пехчево.

Струмичани до предност дојдоа уште во 10. минута со голот на Илиев, а велешани израмнија во 81. минута од средбата со погодокот на Гавриќ.

„Пандевци“ втората фаза од подготовките за новата сезона во моментов ја одработуваат во спортскиот комплекс „Гогов“ во Пехчево.

Кратовски Силекс триумфираше со 0-3 на гостувањето против Слога Виница. Силекс до победата дојде со головите на засилувањата Пепи Георгиев и Тантуровски, како и Ивановски.

На пријателскиот натпревар кој се играше во Маврово, Македонија ЃП и Струга ТЛ одиграа без голови.

Се вчитува...