ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Пелистер ремизираше со Гостивар, „пандевци“ подобри од Тиквеш

Пелистер ремизираше без голови на последниот контролен дуел пред стартот на прволигашката сезона следниот викенд.

Битолчани одиграа квалитетен дуел, но на крајот не успеаја до победа против квалитетниот состав на Гостивар.

Академија Пандев, пак, во Струмица, на теренот од спортскиот комплекс „Горан Пандев“ победи со 2-0 против кавадаречки Тиквеш. Стрелци на головите за „пандевци“ беа Марио Крстовски во 62. минута и Даниел Миловановиќ во 72. минута од натпреварот.

Се вчитува...