ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Реми без голови на „пандевци“ со Кожуф

Фудбалерите на Академија Пандев ремизираа без голови на пријателскиот натпревар со второлигашот Кожуф.

Во главно израмнет натпревар „пандевци“ имале неколку можности за погодок, но без реализација. Следниот пријателски натпревар на Академија Пандев е против Кит Го на 28. јули.

Кит Го, пак, на неофицијалниот тест дуел во Пехчево загуби од Плачковица од Радовиш со 0-2.

Се вчитува...