ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Силекс подобар од Беласица, Ренова триумфално против Вардар Форино, реми на Борец

Македонскиот претставник во Лигата на шампионите, екипата на Силекс со победа ги почна подготвителните натпревари ова лето.

На првиот тест дуел, кратовци триумфираа против повратникот во елитното друштво, Беласица со 0-1. Силекс до победата дојде со погодокот на Тантуровски уште во 5. минута од средбата.

На тест дуел во Гостивар, пак, екипата на Ренова со 2-0 триумфираше против второлигашот Вардар Форино. Стрелци на головите за „гипсарите“ беа Емран Рамадани во 50. минута и Шефит Шефити во 65. минута од натпреварот.

Во Велес, прволигашот Борец ремизираше без голови со кавадаречкиот второлигаш Тиквеш.

Се вчитува...