ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Тиквеш испушти водство од 2-0 против Кубан Краснодар, убедлив пораз на Силекс од Торпедо Москва

Екипата на Тиквеше утрово ремизираше (2-2) со рускиот Кубан Краснодар на пријателскиот натпревар со Кубан Краснодар од Русија.

Во натпревар во кој кавадарчани доминирале на теренот, македонскиот тим во првото полувреме се стекнал со предност од 2-0 со головите на Мишов и Темелков. Во вториот дел стратегот Влатко Костов им дал шанса на сите останати фудбалери па Русите го искористиле тоа за да дојдат до реми од 2-2.

Пријателски натпревар денеска одигра и Силекс кој загуби убедливо од Торпедо Москва со 1-4 (0-0). Погодокот за кратовци бил дело на Филип Стојчевски за 1-1, во тие моменти, но противниците до крајот со три гола дојдоа до убедлив триумф.

Се вчитува...