ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Убедлив Силекс, хет-трик на Радојчиќ за триумф на Беласица, победа и на „лавовите“

Претставникот на Македонија во квалификациите од Лигата на шампионите, Силекс триумфираше со 2-0 на пријателскиот натпревар против велешки Борец. Нешовски ги донесе кратовци до водство од 1-0 уште во 7. минута, а конечните 2-0 ги постави Мустафов во 85. минута.

На пријателскиот дуел во Дојран, пак, Беласица убедливо со 3-0 славеше против Осогово. Триумфот на струмичани дојде во последните 15 минути од натпреварот со хет-трикот на Радојчиќ.

Македонија ЃП славеше со 1-0 на третиот пријателски натпревар за време на подготовките во Маврово. „Лавовите“ триумфираа против второлигашот Вардар Форино со голот на Кристијан Филиповски во 40. минута од натпреварот.

Се вчитува...