Принудна замена кај европскиот првак во пресрет на ЕП 2020

Соиграчот на Кире Лазаров од Нант, Давид Балагер, нема да може да настапи за Шпанија на ЕП 2020 откако не успеа навреме да се опорави од повредата заработена пред иззвесно време. Балагер во изминатиот период работеше индивидуално, но не доби зелено светло од лекарите да почне со подготовки до „црвената фурија“, по што селекторот Жорди Рибера реши на негово место да го повика Алеиш Гомез од Барелона.

Гомез настапува во извонредна форма во дресот на каталонскиот гигант и сезонава е петти стрелец во Лигата на шампионите со 54 погодоци во досегашнот дел од елитното европско натпреварување. Тој настапи и на ланското СП во Германија и во Данска, при што постигна 23 погодоци за „црвената фурија“.

Подготовките на шпанскиот национален тим за ЕП 2020 ги почнаа:

Голмани: Гонзало Перез де Варгас (Барселона), Родриго Коралес (ПСЖ), Сергеј Ернандез (Ла Риоха)

Бекови: Раул Ентрериос (Барселона), Дани Сармиенто (Сан Рафаел), Хорхе Македа (Пик Сегед), Давид Фернандез (Адемар Леон), Алекс Душебајев (Киелце), Даниел Душебајев (Киелце), Јосу Гоњи (Аикс), Жоан Канелјас (Пик Сегед), Виран Морос (ПСЖ).

Крила: Феран Соле (Тулуз), Алеиш Гомез (Барселона), Аитор Арињо (Барселона), Анхел Фернандез (Киелце).

Пивоти: Хулен Агинагалде (Киелце), Адриа Фигерас (Гранолјерс), Гидеон Гвардиола (Рајн-Некар Левен).

Шпанија е дел од групата Ц на претстојниот европски шампионат, заедно со селекциите на Германија, Холандија и Португалија.

Се вчитува...