Приведен поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, истрага за проневера на финансиски средства

Во акција на Министерството за внатрешни работи (МВР) утрово е приведен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, пренесуваат повеќе домашни информативни медиуми.

Според пишувањата на медиумите, акцијата е спроведена во координација со надлежно Основно јавно обвинителство.

Како што пишуваат „Плус Инфо“, „360 степени“, „Скопје 1“, Сејдини се сомничи за проневера на 700.000 евра пари од УЕФА доделени на ФФМ за поддршка и изградба на трибина во Охрид.

Како што е познато, Фудбалската федерација на Македонија на 6 февруари годинава соопшти дека нејзината Дисциплинска комисија му изрекла казна на експретседателот Сејдини во врска со авансна исплата во износ од околу 700 000 евра кон фирма изведувач задолжена за изградба на трибина на охридскиот стадион „Билјанини извори“.

Сејдини, како што информираа тогаш од ФФМ, доби дисциплинска мерка забрана за вршење функција во траење од две години како делегат на Собранието на ФФМ, а поради сторено дејствие измама и доведување во заблуда орган на Фудбалската организација, согласно член 84 од Дисциплинскиот правилник.

Се вчитува...