Приведено лицето кое удри играч на Брегалница Штип

Министерството за внатрешни работи денеска издаде соопштение по повод вчерашниот натпревар во Втората лига помеѓу Шкендија Арачиново и Брегалница Штип.

Од министерството велат дека по повод нередите на полувремето, во миговите кога фудбалерите се упатуваа кон соблекувалната, а приведено едно лице, кое физички нападна фудбалер на гостите.

„На 21.11.2025 во 13:50 часот на стадион „Фортуна“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Ш.А.(36) од с.Арачиново, скопско, затоа што за време на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Шкендија 77“ и ФК „Брегалница“ физички нападнал играч на ФК „Брегалница“. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок“, стои во извештајот на МВР.

Натпреварот заврши со 1-2 во корист на Брегалница.

Се вчитува...