Најдобриот македонски атлетичар на средни и долги патеки, Дарио Ивановски, денеска веднаш по пристигнувањето во Скопје од Белград доби мало признание, спортски часовник, од спонзорите на неговиот тим „Гармин Македонија“ за соборувањето на 23 години стариот рекорд на 3.000 метри.
Ивановски, за извонредното остварување во Белград, беше изненаден и со пречек од неговите клупски колеги и љубители на атлетиката во Скопје…
„Сакаме да оддадеме признание за Дарио кого наредниот период го очекуваат нови предизвици. За десет дена заминува за Добрич, Бугарија, на нов митинг, потоа не очекува силниот атлетски митинг во Истанбул, кои ќе бидат подготовка за Балканското и Европското првенство во сала кое следниот месец ќе се одржи во Белград“ – вели тренерот на Ивановски, Игор Јакимовски.
Планот е на следните четири натпреварувања Ивановски да се натпреварува на 1.500 и 3.000 метри, но согласно одлуката на тренерот Јакимовски дополнително ќе биде познато на кои трки ќе настапи на пооделните натпреварувања.
19-годишниот Дарио Ивановски е убедливо најголемиот атлетски талент кој го имала независна Македонија. Се очекува наредниот период во далеку поголема мера да се промовира, преку своите резултати, и на европската атлетска сцена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА