Проблем во најава за Челси – Реал тргнува по Канте

Нголо Канте со уште една извонредна сезона во дресот на Челси само потврди дека е играч од највисока светска класа, кој со својата борбеност доминира на средината од теренот. Таквите „работници“ ги има во мал број, па неслучајно за нивните услуги се водат жестоки борби на фудбалската берза. Челси лани излезе како победник успевајќи да го доведе Канте во своите редови, но сега англискиот првак се соочува со проблем откако Реал Мадрид искажа сериозен интерес за ангажман на францускиот репрезентативец на „Сантијаго Бернабеу“.

Зинедин Зидан летово ќе ја има апсолутната поддршка од претседателот Флорентино Перез, кој ќе му обезбеди на својот тренер околу 200 милиони евра за нови засилувања. Зизу планира да доведе свои сонародници во Мадрид, па по Килијан Мбапе на врвот на неговата листа со желби се наоѓа токму Канте. Тренерот на Реал има превисоко мислење за Канте и смета дека тој може да ја крене играта на „кралскиот клуб“ на уште повисоко ниво.

Според шпанските медиуми веќе е подготвена и понуда од 50 милиони евра, а не се исклучува и можноста како дел од трансферот Челси да го добие Матео Ковачиќ, кој би станал прекуброен во тимот на Реал доколку Канте навистина пристигне на „Сантијаго Бернабеу“. Француускиот интернационалец засега имаше само пофални зборови за Челси, но јасно е дека кога Реал ќе дојде да те бара, уште повеќе со Зидан на клупата, многу е тешко да се каже „НЕ“ на најтрофејниот европски клуб.

Се вчитува...