Проблем за Кливленд: Кевин Лав мора на операција

Шампионот Кливленд кавалирс се соочи со неочекуван проблем откако беше утврдено дека Кевин Лав мора да биде опериран за да биде саниран проблемот со коленото што го мачеше олстар-кошаркарот.

Лав во последно време се почесто се жалеше на болка во левото колено, а откако останатите третмани не вродија со плод беше донесена одлука тој да замине на артроскопија.

Според првичните информации, паузата ќе изнесува најмалку шест седмици, а се очекува Лав да биде подготвен за камбек пред крајот на регуларниот дел од сезоната. Интерес за екс-кошаркарот на Минесота претходно искажаа Њујорк и Торонто, чии понуди беа одбиени од страна на актуелниот шампион, па останува да е види дали челниците на Кливленд можеби ќе го променат својот став, па Лав ќе стане достапен за размена пред крајот на преодниот рок.

Се вчитува...