Проблеми без граници: ПСЖ против Бордо без Мбапе, Нејмар, Кеан…

Маурицио Покетино не може да крене глава од проблеми околу составот на ПСЖ од самото доаѓање на чело на „светците“, а исклучок не е ниту денешниот дуел со Бордо за кој аргентинскиот стратег нема да може да смета на уште еден фудбалер позитивен на коронавирус. Моисес Кеан беше најавен како стартер за оваа средба, но италијанскиот голгетер беше позитивен на тестирањето пред мечот, по што воопшто не отпатува со остатокот од тимот за Бордо.

Покетино веќе извесно време не може да смета ниту на Нејмар, а дополнителен проблем претставува и фактот дека во Бордо нема да настапи ниту Килијан Мбапе, кој ја одлежува суспензијата од еден натпревар. Покрај тројцата стандардни првотимци, кај „светците“ ќе недостигаат и повредените Верати и Ди Марија, што ја прави задачата да се стигне до триумф исклучително отежната.

ПСЖ моментно се наоѓа на второто место на табелата во француското првенство, со два бода заостанување зад лидерот Лил.

Се вчитува...