Проблеми со Гризман: Французинот барал итен состанок во Барселона

Барселона во обид да го расчисти проблемот со Антоан Гризман. Францускиот репрезентативец на последните четири натпревари дури три пати шанса доби од клупата, а дури двапати влегувањата беа во 90. минута.

Токму поради тоа неговата сестра, која е и негов агент, побара итен состанок со раководството на Барселона за да се разгледа статусот на Гризман. Наводно, од Барселона размислувале и опција со размена на фудбалери во која би бил вклучен Французинот, но Гризман не сака да помисли на тоа.

Гризман одбива секаква можност за заминување од клубот, а планот е да биде заменет во трансферот на Лаутаро Мартинез.

Се вчитува...