Кристијано Роналдо ужива во луксузот во Саудиска Арабија по мегатрансферот во Ал Наср со кој Португалецот стана убедливо најплатен светски фудбалер.
Сепак, неговото семејство се соочи со неочекуван проблем откако беше откриено дека децата на Роналдо биле удрени од други деца во приватното училиште што го посетува. Проблемот го откри неговата поубава половина Георгина Родригез во изјава за шпанскиот медиум „Телемундо“.
„Постојат моменти кога децата во училиште ќе ги удрат, а нашите деца не се бранат и потоа се разочарани од она што се случило. Баш пред некој ден се случи едно од децата да дојде дома и веднаш почна да плаче. Прашав што се случило и добар одговор: Ме удри друго дете… Го прашав, па зарем ти не знаеш да се браниш“, изјави Георгина за „Телемундо“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА