Проблеми во Реал Мадрид: Винисиус Жуниор со симптоми на Ковид-19

Шпанскиот гигант Реал Мадрид се соочува со дополнителни проблеми во финишот од сезоната во Ла Лига. Откако српскиот интернационалец Лука Јовиќ мораше да замине во самоизолација поради тоа што бил во друштво на заболен од Ковид-19, симптоми на коронавирусот појавил и уште еден офанзивец Винисиус Жуниор. Тој веднаш е тестиран, а се чека епилогот дали е позитивен. Во меѓувреме, тој веднаш е изолиран и нема да може да присуствува на тренинзите и на натпреварите.

Винисиус Жуниор нема да биде дел од составот за утрешниот натпревар против Алавес, а тренерот Зинедин Зидан ќе ги нема на располагање и Лука Јовиќ и Еден Азар. Исто така и Серхио Рамос, Дани Карвахал и Марсело во одбраната.

Во трката за шампионската титула, „кралевите“ во моментот имаат еден бод предност во однос на Барселона, но и еден одигран меч помалку – утрешниот со Алавес, а до крајот на шампионатот остануваат уште три кола.

Се вчитува...