Италијанскиот првак Јувентус загуби од Удинезе со 2-1 со што беше одложена и прославата на новата шампионска титула во Серија А, но многу повеќе грижи на тренерот Маурицио Сари му задава новата повреда на Даглас Коста. Бразилецот го истегнал бутниот мускул на десната нога и ќе мора да паузира петнаесетина дена. Ова го прави неизвесен за реванш мечот од осминафионалето во Лигата на шампионите против Лион.
„Старата дама“ на 8 август ќе го пречека Лион во Торино, а по првиот меч има негатива од 0-1. Јувентус се надева дека сепак ќе успее да го елиминира францускиот тим и да се пласира во самата завршница од елитното европско клупско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА