Проблеми за Милевски: Стефан Ристовски и Ердал Ракип нема да бидат на располагање

Проблеми за селекторот Благоја Милевски и за селекцијата на Македонија пред четирите натпревари во Лигата на Нации.

Покрај отсутните Адеми и Јаховиќ, сега откажаа и Стефан Ристовски поради повреда, а Ердал Ракип од приватни причини побарал да биде ослободен.

„За жал подготовките да ги започнеме со одредени проблеми, поради повреда нема да бидат со нас Костадинов и Стефан Ристовски поради повреди, Адеми и Јаховиќ јас ги ослободив поради напорната сезона и заморот и најново е Ердал Ракип поради приватни причини бараше да биде ослободен од овој собир“, рече Милевски.

Милевски истакна дека повредата на Ристовски е сериозна, и дека ќе мора да паузира, и нема да биде на располагање за ниту еден од четирите натпревари кои следат.

Се вчитува...