Во пресрет на натпреварот меѓу фудбалските репрезентации на Швајцарија и Македонија во Скопје, од таборот на гостите пристигна шокантна вест.
Напаѓачот на Лидс Јунајтед, Ноа Окафор, донесе неочекувана одлука веднаш да се повлече од националниот тим и нема да биде во комбинација за средбата на арената „Тодор Проески“.
Оваа ненадејна вест ја потврдија и од стручниот штаб на швајцарската селекција.
Окафор нема да игра за Швајцарија се додека Мурат Јакин е на чело на репрезентацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
