Струга ТЛ рутински прокнижи нови три бода на прволигашката табела откако екс-шампионот славеше лесно и убедливо над Брегалница со 4-0. Во главна улога беше Христијан Малески, домашниот напаѓач кој ја потврди одличната форма запишувајќи се меѓу стрелците на четвртиот прволигашки меч во низа за стружани.
Токму Малески стрелаше прецизно во раната фаа од мечот, придонесувајќи гостите од Штип да мора да ја отворат својата игра порано од очекувањата.
Истиот фудбалер потоа погоди и за 2-0 на самиот почеток од второто полувреме, откако по една несмасна интервенција на гостински дефанзивец немаше тешка задача да ја смести од два метри во мрежата.
Третиот гол за Струга ТЛ беше комедија, гостинскиот голман дозволи топката да го прескокне, по што „резервистот“ Агама рутински ја смести во празната мрежа.
Брегалница се распадна во завршницата а стружани го искористија тоа и преку Шабани стигнаа до конечните 4-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
