Продолжува кошмарот на Ерлинг Халанд

Ерлинг Халанд не може да крене глава од повреди оваа натпреварувачка сезона, а кошмарот на асот на Борусија Дортмунд продолжи со обновувањето на повредата на мускулот поради која тој повеќе од еден месец не му е на располагаање на тренерот на „милионерите“.

Норвежанецот требаше да се врати во тимот за реваншот со Глазгов Ренџерс, но лекарите алармирале дека проблемот е посериозен од првичните прогнози, па паузата мора да биде продолжена. Според весникот „Билд“, лекарите дале препорака Халанд да мирува се до крајот на репрезентативната пауза и потоа да се врати на терените на почетокот од месец април.

Добра вест за „милионерите“ е што нивниот неделен дуел со Мајнц е одложен поради 19 случаи на коронавирус во противничкиот тим.

Се вчитува...