Продолжува распадот на Интер, по Конте заминува и Хакими

Пари Сен Жермен сака да го донесе десниот бек на Интер, Ашраф Хакими. Парижаните по една неуспешна сезона во која стигнаа само до второто место во францускиот шампионат, сакаат нови засилувања. Од ПСЖ на Хакими гледаат како на идеално решение за десната страна, бидејќи Фиренца и Тило Керер, според мислењето на тренерот Покетино, не одговориле успешно на барањата.

Хакими, пак, блескаше во дресот на Интер. На патот до титулата во Серија А, тој одигра дури 37 натпревари и постигна седум погодоци и запиша 10 асистенции. Тимот од Милано го купи Ашраф од Реал Мадрид за 40 милиони евра. Според договорот со Интер, Хакими е обврзан за соработка со тимот од Милано до 2025 година.

Неодамна тренерот Антонио Конте го опиша младиот играч како „недопирлив“, односно како фудбалер, кој заедно со Лукаку и Мартизнез не смеат да се продаваат по било каква цена. Останува да видиме колку богатите газди од Катар се подготвени да понудат со цел Хакими од Милано да замине за Париз.

Се вчитува...