Трансфер сагата број 1 во овој преоден рок е онаа околу Александар Исак. Најдобриот стрелец на Њукасл е на мета на Ливерпул, тој сака самиот да се пресели во Ливерпул, но Њукасл сака да го задржи.
Првата понуда од близу 130 милиони евра од Ливерпул беше одбиена. Од друга страна, Исак изрази јасна желба до раководството на Њукасл дека сака да си оди. И Њукасл буквално се оддалечи од сите барани напаѓачи (последниот меѓу нив Бенџамин Шешко), па затоа не е расположен да го пушти Швеѓанецот.
Се чини дека никој не е задоволен од оваа ситуација, но сè уште има време до крајот на преодниот рок. Ливерпул го сака Исак, тој самиот сака во Ливерпул.
Како ќе заврши најголемата летна трансфер сага е само претпоставка. Но, ќе биде интересно во наредните денови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

