Продолжува „ВАР лудилото“ во Англија – Повторно смешно поништен гол (ВИДЕО)

Саутемптон преку Јаник Вестергард поведе со 0-1 на мечот против Астон Вила, но по ВАР прегледот голот беше поништен бидејќи фудбалерот на „Светците“ се наоѓа во офсајд.

Разликата беше милиметри, а на крајот одлучи тоа што лактот на Вестергард беше понапред од одбранбените фудбалери на Астон Вила.

Фановите се разочарани околу ВАР одлуките сезонава бидејќи играта добива на динамика, но и поради небулозни одлуки беа поништувани многу голови, a и менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп во неколку наврати изјави дека веќе не знае што е офсајд, а што не.

 

Се вчитува...