Прогласени најдобрите пливачи за 2020: Миа Блажевска Еминова е новиот бисер на македонскиот спорт

Националната пливачка федерација на Македонија ги прогласи најуспешните пливачи за изминатата 2020 година.

Со оглед на фактот дека изминатата година, поради пандемијата на коронавирусот, беше одржано единствено Зимското, најдобрите беа наградени според правилникот за прогласување на најуспешните.

За издвојување е, без сомнение, Миа Блажевска Еминова од ПВК Орион која е најуспешна изминатава година во кадетска, младинска и сениорска конкуренција. Младата Миа е новиот бисер на македонскиот спорт.

НАЈУСПЕШНИ МАКЕДОНСКИ ПЛИВАЧИ ЗА 2020:

Сениори
Мажи: Деркоски Филип – П.В.К.Орион
Жени: Блажевска Еминова Миа – П.В.К Орион
Младинци
Мажи: Стојановски Андреј – ПК Нептун
Жени: Блажевска Еминова Миа – П.В.К.Орион
Кадети
Мажи: Стојановски Андреј – ПК Нептун
Жени: Блажевска Еминова Миа – П.В.К.Орион
Постари Пионери
Мажи: Јанковски Јован – П.В.К.Орион
Жени: Дамјанова Софиа – ПК Октопод
Помлади Пионери
Мажи: Бошнаков Димитар – ПК Скопје
Жени: Танаскоска Катја – ПК Скопје

Се вчитува...