Скандалот околу расистичките навреди на кои Винисиус се жалеше од Престијани на мечот од ЛШ меѓу Бенфика и Реал Мадрид привлече огромно внимание во јавноста, па ФИФА дури се пофали и експресно донесе закон со кој забрани играчите во случај на конфликт да ја покриваат устата со рака, за да може со ТВ снимка полесно да биде утврдено што всушност било речено во тие спорни моменти.
Тој „Винисиус закон“ е валиден и за СП 2026, на кој веќе беа покажани два црвени картони, и тоа за Парагваецот Алмирон и за Еквадорецот Хианчипе.
Многумина се жалат и на различен аршин при утврдување на вината, ако се знае дека Џуд Белингем во слична ситуација воопшто не беше санкциониран на натпреварот со Гана. Недоволната доследност и слободата во толкувањето кога се применува овој закон, а кога не придонесе УЕФА да донесе одлука тој воопшто да не стапи во сила во европските купови во наредната сезона.
„Судиите треба индивидуално да ги проценуваат ситуацијата, да решат самите дали е тоа жолт картон или исклучување, во зависност од каков вид на прикривање на комуникација станува збор. Тоа не може да биде покриено со еден закон за бројни опции на различни престапи. Затоа, ова правило нема да биде применувано на натпреварите во ЛШ, во Европската лига и во Конференциската лига“, објавија од раководството на УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
