Промена на клупата на Беласица…Арифовски го менува Милков?

Повратникот во прволигашкото друштво, тимот на Беласица, и по шест кола нема ниту еден освоен бод. Катастрофалниот почеток на сезоната значи и промена на тренерската позиција.

Актуелниот шеф на стручниот штаб Ване Милков најавил оставка, а неговото место треба да го заземе поискусниот Шефки Арифовски. Тоа треба малку да го разбуди составот кој не може резултатски да се снајде во елитата.

Беласица во саботата загуби на домашен терен од Пелистер, а во следното коло му гостува на Вардар.

Се вчитува...