Промена на местото на одигрување: Баражот Тиквеш – Воска на Националната Арена

Наместо во Прилеп, Тиквеш и Воска ќе го одиграат бараж натпреварот во Скопје за потполнување на Првата лига на Националната Арена „Тодор Проески“. Ова е промената која ФФМ предмалку ја соопшти.

Првично беше закажано дека ќе се игра во Прилеп, меѓутоа сега е променето местото на одигрување. Дуелот ќе се игра на 22. мај во 17 часот.

Во истиот термин ќе се игра и вториот бараж, натпреварот Скопје – Беласица, кој е предвиден да се игра на Градскиот стадион во Штип.

Се вчитува...