Променливите игри и резултати на стартот од сезонава придонесоа да дојде до промени во играчкиот состав на КК Гостивар. Тренерот Србиновски има причина за незадоволство поради слабата форма на дел од кошаркарите, а првиот што си замина е Американецот Малком Армстед.
Станува збор за кошаркар кој беше најавен како огромно засилување на гостиварци пред крајот на ланската сезона, кога одигра само неколку средби во сино-белиот дрес пред прекинот на Првата лига. Армстед ја почна под своите можности новата сезона, а по поразот од ТФТ токму Американецот беше првиот што доби исписница од клубот.
„Факт е дека очекувавме далеку подобри игри и резултати. Мора да се менува нешто, Армстед е првиот што си замина. Големи се шансите раскин на добие и вториот Американец Мозли, а можно е да се разделиме и од некој од домашните кошаркари. Амбициите на клубот не се менуваат, на местото на оние кои ќе си заминат ќе бидат донесени поквалитетни замени“, истакнаа за ЕКИПА од раководството на КК Гостивар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА