Промени во мак-баскетот: Жељко Ребрача и Владимир Мирковски формираа кошаркарска академија – ќе започнме и соработка со НБА Јуниор

Македонскиот стратег Владимир Мирковски и српскиот легендарен кошаркар Жељко Ребарча денеска во Скопје формираа нова кошаркарска академија која ќе работи според најновите методи на Интернационалната кошаркарска академија. Академијата ќе започне со работа во летниот период по кампот Ребрача.

Целта на академијата е да започне со работа во младинските категории, а потоа да бидат формирани и состави за натпреварување во првите лиги. Целиот проект има и цел за соработка во турнири во Србија како и НБА Јуниор, истиот ќе биде предводен од високо квалитетни тренери.

„Со задоволство би сакал да ја најавам соработката со Академија Ребрача од Белград која ја започнуваме со летниот кошаркарски камп Златибор 2021. Легендарниот Ребрача денес и утре е гостин на Интернационалната академија “ИБА” која преку еден различен принцип и модерен пристап ќе се обиде да ја доближи кошарката до најмладите. Составен е тим од високо квалитетни тренери кој ќе бидат промовирани на официјалната промоција на клубот во текот на наредниот месец. Планираме турнири во Србија и соработка со НБА Јуниор“, изјави за ЕКИПА, Владимир Мирковски.

 

Се вчитува...