ПРОМЕНИ ВО ШКЕНДИЈА: Валдрин Ука е нов генерален директор, Селими и Адеми ќе раководат со спортскиот дел

Валдрин Ука ја презема функцијата нов генерален директор на Шкендија, а спортскиот оддел ќе го водат Ерхан Селими и Фестим Адеми, кои доаѓаат на местото на досегашниот спортски директор Ардијан Цуцули.

Шкендија официјално ги објави промените во раководните структури на клубот. Сите назначени менаџери долго време се дел од структурите на Шкендија, а новите назначувања претставуваат напредок во кариерата, потврдувајќи ја довербата на клубот во подготвениот кадар во самата организација.

Валдрин Ука е назначен за генерален директор на клубот. Со оваа улога, тој презема нови одговорности во извршното управување на Шкендија.

Ерхан Селими, кој досега ја извршуваше функцијата директор на фудбалската школа, е назначен за спортски директор, додека Фестим Адеми ја презема функцијата технички директор на спортскиот оддел.

„Селими и Адеми ќе соработуваат тесно и ќе имаат заеднички одговорности во управувањето со спортските прашања, со цел зајакнување на структурата, балансирање на организацијата и напредокот на клубот во наредниот период“ – информираат од Шкендија.

Се вчитува...