Роберт Просинечки како поранешен фудбалски генијалец како играч остави силен белег во поранешна Југославија, па неслучајно во последните неколку години тој се поврзува и со тренерски ангажман на овие простори. Иако моментно е без ангажман по истекот на договорот како селектор на Азербејџан, Просинечки јасно става до знаење дека не планира да работи во поранешна Југославија поради претераниот притисок што се врши врз тренерите.
Тој е споменуван како можна опција за селектор на Хрватска, но и на Србија по заминувањето на Муслин, но во разговор за „Вечерњи лист“ поранешниот фудбалер на Црвена звезда јасно става до знаење дека не е заинтересиран за ваков ангажман.
„Кога и да се испразни некое место во Загреб или во Белград, веднаш во медиумите се појавува моето име. Искрено, изморен сум од сите тие приказни, што и да кажам другата страна ќе коментира. Да се разбереме, јас немам оптоварување со националноста, но нема да бидам селектор на Србија, ниту пак на Хрватска. Моите планови се врзани со преземање на клуб, но не на овие простори. Тоа би ми содало огромен притисок, знам со што се соочуваат тренерите во регионот, па затоа и јас и сопругата повеќе се радуваме кога ќе добиеме понуди од Кајсери или пак од Баку“ – изјави Просинечки за „Вечерњи лист“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА