Просинечки прифати да биде селектор на БиХ

Хрватскиот стратег Роберт Просинечки по детални разговори со претставниците на Фудбалскиот сојуз на БиХ конечно прифати да се нафати да биде селектор на репрезентацијата на БиХ.

Просинечки ги прифатил условите кои ги понудиле од сојузот, па сега на членовите на Извршниот одбор останува да ја донесат конечната одлука на состанокот закажан за 4. јануари. За да се избере нов селектор потребно е еден од кандидатите да добие 12 гласа од 15 члена на Извршниот одбор на ФСБХ.

Вториот кандидат за селектор на БиХ, покрај Просинечки, е и Амар Осим. Но, веќе се погласно се навестува дека секако новиот селектор ќе биде Роберт Просинечки кој досега беше предводник на репрезентацијата на Азербејџан.

Се вчитува...